June 25, 2022 22:27
Балкан

Дел од училиштата во Србија преминуваат на онлајн настава поради дојавите за бомби

Во дел од училиштата во Србија наставата се одвива онлајн поради бројните дојави за бомби. Министерот за образование Бранко Ружиќ утринава изјави дека поради дојавите училиштата ќе го приспособат наставниот модел и дека таму каде што ситуацијата е безбедна децата директно ќе следат настава, додека во училиштата кои не се прегледани родителите ќе бидат известени дека наставата ќе се одржува од далечина.

Тој изјави дека, за среќа, во 100 отсто од контролните училишта пријавите биле лажни и дека тоа е најважно од аспект на безбедноста на децата. Ружиќ оцени дека МВР одлично си ја врши работата и додаде дека не знае чија е идејата да се пријави, но дека е трагедија што на мета се најмладите.

Вчера до 97 основни и неколку средни училишта пристигнале дојави за бомби. Министерот рече дека желбата била да се предизвика паника. Според оценката на Ружиќ, ресурсите се исцрпуваат, бидејќи нема толку многу тимови за контрадиверзија.

Тој посочи дека е важно безбедносните служби да си ја завршат работата за што поскоро да бидат санкционирани оние што ги пријавуваат бомбите и додаде дека на тоа работи надлежното обвинителство.

go88 không vào được

https://tai.sunwin.gg/