January 21, 2022 21:53
Култура Македонија

Дел од вработените во Театар Комедија: Ако Нора Шаќири не е соодветен кадар, в.д. директор нека биде Дарко Спасов

Дел од вработените во Театар „Комедија“ најавуваат бунт со правни и јавни механизми, доколку на местото в.д. директор, од каде е разрешена Нора Шаќири-Марковиќ, биде назначена актерката Магдалена Ризова-Черних. Тие не го спорат разрешувањето на Шаќири-Марковиќ ако така смета Министерството за култура, но бараат на нејзино место да биде Дарко Спасов, драматург, бидејќи во него имаат доверба.

„Не се согласуваме со разрешување на Нора Шаќири-Марковиќ и назначување на Магдалена Ризова-Черних. Шокирани сме од оваа одлука со која за нов в.д. директор се поставува човек што беше дел од претходната управа којашто беше разрешена поради неправилности во работењето. Можеби е крајно време Инспекторатот за труд да го посети Театар ‘Комедија’. Кога театарот беше на колена, во долгови и без услови за работа, со нарушени меѓучовечки односи, в.д. директорката што сега ја разрешува Министерството успеа да реши дел од овие проблеми и да го врати театарот на вистинскиот пат“, велат вработените во видеото кое го сподели актерот Атанас Атанасовски.

По релиси десет месеци од назначувањето, Нора Шаќири-Марковиќ е разрешена од директорката функција во Театар „Комедија“. Ова доаѓа откако таа беше пријавена за мобинг, односно психичко вознемирување врз вработените во театарот. Повеќе информации од тоа што увиделе инспекторите не беа споделени со јавноста. На нејзино место, за нова в.д. директорка е назначена актерката Магдалена Ризова-Черних, која и е вработена во театарот.

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

watch anime dub DARLING in the FRANXX

free anime So I'm a Spider, So What?

ANIMEFLIX Hunter x Hunter (2011) Episode 139

anime websites ANIMEFLIX Mother of the Goddess’ Dormitory

anime online Attack on Titan Final Season (Dub)