Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 250 милиметри на булеварот „Македонско Косовска бригада” број 87 во населбата Бутел, утре од 9:00 часот со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од касарната Илинден, фирмата „Вива Фреш”, кракот 11 од булеварот „Македонско Косовска бригада” и сервисот „Џеват”.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, корисниците ќе бидат без вода се до завршување со активностите.