December 3, 2022 09:22
Скопје

Дел од Бутел без вода

Прекин во водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците од улиците „Бутелска”, „Призренска”, „Марко Крале”, „Мостарска”, „Галичник” и „Пребондова”.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка ф-2 на „Бутелска” 52.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.