Поради менување на вентил во шахта на булевар „Трета Македонска Бригада” бр.61 утре без вода ќе останат дел од корисниците од овој булевар, како и објектите на УБК и Жито Лукс во општина Аеродром.
Како што информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 9 часот па се до завршување на работата.