August 13, 2020 08:01
Скопје

Дел од Аеродром денеска без вода

Корисниците лоцирани на улицата „Петар Ацев“ во општина Аеродром денеска од 13:20 часот имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект во шахта на улица „Петар Ацев“, број 12, во населбата Аеродром.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.