July 23, 2021 21:27
Свет

„Делта сојот” до август ќе биде доминантен во ЕУ, во светот досега од коронавирус починале 3,88 милиони луѓе

„Делта варијантата” на коронавирусот, која е особено заразна, може да достигне 90 отсто присуство меѓу новите случаи на инфекција во Европската унија (ЕУ) до крајот на август, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

– Многу е веројатно дека делта мутацијата на коронавирусот ќе циркулира во текот на летото, особено меѓу младите луѓе кои не се наоѓаат на списокот за вакцинација, изјави директорката на Центарот, Андреа Амон.

Иако „алфа варијантата” на коронавирус, претходно откриена во Велика Британија, сè уште е доминантна во Европа, европскиот центар предвидува дека „делта сојот”, првично пронајден во Индија, ќе претставува 70 отсто од новите инфекции во ЕУ до почетокот на август, и 90 проценти до крајот на истиот месец. Европскиот центар, кој наведува дека „делта мутацијата” е 40 до 60 проценти позаразна од другите, повикува на забрзување на вакцинацијата. Центарот, исто така, повика на претпазливост при укинување на мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Досега три милиони и 884.538 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека 179 милиони и 71.540 се инфицирани, го објавија денеска западните медиуми новиот биланс на смртни и заразени случаи.

Бројот на официјално заразени лица не го одразува реалниот број на инфицирани, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување. САД се најсериозно погодената земја, според бројот на починати и заразени, со 602.462 смртни случаја и 33.565.294 инфицирани.

По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 504.717 смртни случаи и 18.054.653 случаи на инфекција, Индија со 390.660 починати и 30.028.709 заразени, Мексико со 231.505 смртни случаи и 2.482.784 инфицирани и Перу со 190.906 починати и 2.033.606 заразени пациенти.

Перу е држава со најголем број смртни случаи по глава на жител, со 579 смртни случаи на 100.000 жители. Следат Унгарија (310), БиХ (294), Чешка (283) и Северна Македонија (263).

Латинска Америка и Карибите имаат 1.246.143 починати (35.335.990 заразени), Европа 1.160.364 смртни случаи (54.041.134 заразени), САД и Канада 628.649 починати (34.975.347 инфицирани), Азија 561.328 смртни случаи (39.304.841 заразени), Блискиот исток има 148.356 починати (9.109.172 заразени), Африка 138.580 смртни случаи (5.253.018 заразени) и Океанија 1.118 починати (52.045 заразени).

https://kissanime.mx kissanime mobile. Precure kara Minna e no Ouen Movie Episode Full

Watch anime online for free at AnimeHeaven anime websites. Watch Beet the Vandel Buster Episode 52

Watch anime online for free at WCOStream wcostream dragon ball super. Night Warriors: Darkstalkers' Revenge (Dub) Episode 4

KissAnime Multichain: https://www.multichain.com/qa/user/kissanimemx