November 27, 2020 20:01
Скопје

Делови од Центар утре ќе бидат без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 27.10.2020 година ( вторник ),поради промена на 2 затварачи од Ф-80 мм и Ф-150 мм на крстосницата на улиците: Ацо Караманов и Питу Гули, без водоснабдување од 09:00 часот до 12 часот ќе останат делови од општина Центар. Без вода во овој период ќе бидат корисниците на дел од улиците Ацо Караманов , Питу Гули како и делови од Партение Зографски, Димитар Пандилов, Капиштец, Ганчо Хаџипанзов, дел од Загребска и објектите на основното училиште и детската градинка “ Кочо Рацин“.