December 5, 2019 11:15
Магазин

Делови од норвешки авион паѓале врз Рим

Метални делови од „боинг 787“ на норвешката авиокомпанија „Норвежиан“, кои набрзо по полетувањето се откинале од авионот, паѓале како „ дожд од куршуми“ врз околната станбена населба, во непосредна близина на римскиот аеродром.

Врз граѓаните кои живеат во населбата во непосредна близина на аеродромот Леонардо да Винчи во Фјумичино, во саботата, паѓале помали метални делови од авионот со големина од околу 20 сантиметри, пренесува британски „Индипендент“.

„Наликуваше на дожд од челик и метал. Побегнав во својот дом“, изјави еден од жителите кој го посведочел инцидентот.

На подрачјето Исола Сакра оштетени се десетина автомобили и куќи, а едно лице пријавило полесни изгореници.

Покрената е официјална истрага за инцидентот, а засега е познато дека пилотот се откажал од планираниот лет за Лос Анџелес и авионот го вратил на римскиот аеродорм.

Се претпоставува дека деловите се од левиот мотор на авионот, но сè уште не е познато за каков дефект станува збор и дали 298-те патници во авионот биле изложени на опасност.

Нови вести

Започна сезоната на скијање на Јахорина, Брајан Фери пристигнува за викенд

zane

Македонец добитник на Водовникова награда во Словенија

Valentina

Компанија нуди 130.000 долари за оној кој на робот „би му дал” лице

Igor