October 6, 2022 13:21
Скопје

Делови од Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Чаир и Центар утре без струја

Заради технички зафати во дистрибутивната електр- мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Карпош, Гази Баба, Чаир и Центар, соопштуваат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од улицата „Ѓорѓи Динката”, Општина Кисела Вода, од 09:00 до 13:00 часот  од улицата „Хашка”, Општина Карпош, а од 09:00 до 15:30 часот корисниците од селата Булачани, Црешево, Виниче и Страчинци, Општина Гази Баба.

Во периодот од 09:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Благоја Паровиќ” и „Роналд Реган”, како и Детската градинка „Снежана”, Општина Чаир, додека од 12:00 до 15:00 часот корисниците од улицата „Загребска”, Општина Центар, соопшти РЦУК – Скопје.