December 7, 2022 22:00
Македонија

Дезертерот Ковачевски за кусо време го напуштија сите, очигледни се кавгите во коалицијата на власта, кавги за тендери и бизниси

Дезертерот Ковачевски за кусо време го напуштија сите, очигледни се кавгите во коалицијата на власта, кавги за тендери и бизниси.

Коалицијата на власт е стабилна се додека се сложни во делбата на тендерите и криминалот, кога ќе се скараат околу колачот, има потреси и се зборува за нестабилност на владата.

Владата се држи само на договорот за тендери и криминал. Во власта нема концепт за развој на државата  ниту пак се работи врз основа на програма. Но тоа е нивна работа и ние нема да се мешаме во нивните внатрешни работи.

Работата на владата не може да се поправи. Потребни се итни промени кои можат да се случат само со предвремени парламентарни избори.

Со СДС државата функционира како криминален картел. Се трошат 4 милијарди буџет, а никој не знае на што.

Затоа колку побрзо имаме избори, толку побрзо ќе ги оставиме криминалот и неуспесите во минатото.