February 16, 2019 17:19
Хроника

Девојче прегазено во Автокоманда, итно пренесено во Болница

Девојче прегазено во Автокоманда, итно пренесено во Болница

Нова сообраќајка се случи денеска напладне во скопската населба Автокоманда. Возило прегазило девојче кое е пренесено на интензивно лекување на КАРИЛ.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила во 12 часот, кога возило удрило во девојче, пешак. Од полицијата немаат други информации, бидејќи увидот е во тек, а сообраќајот одреден период беше во застој.

Вчера во сообраќајна несреќа во скопската населба Ново Лисиче комбе удри во дедо, баба и нивната внука. Бабата им подлегна на повредите, а девојчето е задржано на лекување.

Related posts

Пешак тешко повреден по удар од комбе

24info

Шестгодишно дете прегазено во Скопје

24info

Грабеж во казино во Скопје, украдени 200 илјади денари

24news