September 22, 2019 10:25
Магазин

Девојка повторно се сретна со родителите 20 години откако се изгубила

Девојка од Белорусија повторно се сретна со родителите, повеќе од 20 години откако се изгубила на воз кога била девојче.

Јулија Горина патувала со својот татко меѓу главниот град Минск и Асиповичи во 1997 година кога тој заспал, а кога се разбудил, Јулија ја немало.

Таа подоцна била пронајдена во Русија, но бидејќи полицијата не можела да ја идентификува, ја дале на посвојување. Нејзините родители долго време биле осомничени за нејзино убиство и повеќепати биле испитувани сè до 2017 година.

Горина, која сега има 24 години, живеела на 500 километри од нив, во Русија. Нејзиното момче, Илија Криуков, ја организирал повторната средба кога ги пронашол нејзините родители на интернет. Нејзиниот идентитет бил подоцна потврден со ДНК-тест.

Лидмила, мајката на Горина, изјави за локалните медиуми: „Дваесет години се како цел живот, но никогаш не изгубивме надеж, верувавме и така се најдовме“.

Јулија рекла дека родителите ѝ кажале дека ја барале долго време и дека верувале оти еден ден ќе ја најдат.

„Мајка ми не можеше да престане да ме прегрнува и ме натера да ѝ седнам во скутот како да сум мало девојче“, рече таа. „Разговаравме до 3 часот наутро кога со Илија моравме да се вратиме во Русија – ќерка ми ме чекаше“.

Нови вести

Во Минхен отворен 186. Октоберфест

Igor

Фејсбук укина илјадници апликации

Igor

Штипјани повикуваат на пастрмајлија и добра забава со Цеца и Даниела

Igor