December 5, 2022 09:48
Хроника

Девојка од Кисела Вода пронајдена мртва во својот дом

Вчера во 08:30 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во сопствениот дом била пронајдена почината И.М.(30) од Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид бил извршен.

Од МВР информираат и дека вчера околу 11.30 часот во близина на објект во изградба на бул.„Киро Глигоров” во Гази Баба починал Р.А.(63) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.