December 9, 2022 00:25
Хроника

Деветмина повредени во судир на три автомобили на булевар Словенија

Девет луѓе се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на булеварот Словенија во Скопје.

Несреќата се случила меѓу три возила – автомобил „фолксваген“, управувано од М. Б. (25) од Скопје, автомобил „опел“, управувано од И. Ш. (52) од Скопје, и автомобил „мерцедес“, управувано од И. А. (34) од с. Љуботен, Скопско, сите три со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата тешки телесни повреди добил малолетен сопатник од возилото „фолксваген“, а телесни повреди добиле тројцата возачи, сопатниците од возилото „опел“, Ј. Ш. (49) и Б. Ѓ. (24), и малолетен сопатник, сите од Скопје, како и сопатниците од возилото „мерцедес“, Н. Ш. (49) и малолетен сопатник, двајцата од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.