December 5, 2021 12:54
Спорт

Деби гол сезонава за Јаховиќ во турското првенство

Македонскиот фудбалски репрезентативец Адис Јаховиќ попладнево го постигна својот прв гол сезонава во турската Супер лига и му помогне на Гезтепе да триумфира над Касимпаша со 2-1.

Гезтепе дојде до победата со пресврт, откако домаќините поведоа во 51 минута преку Јусуф Ердоган.

Јаховиќ го израмни резултатот во 67 минута, а трите бода на гостинскиот тим ги донесе словенечкиот репрезентативец Давид Тијаниќ во 86 минута.

Гезтепе по девет кола во турското првенство е во зоната за испаѓање на 17. место со осум бодови, а во следното коло игра на домашен терен против Трабзонспор.