Македонија

Дебата: Надминување на законските и институционални бариери за решавање на проблемот со отпадот

Рециклирање на отпадот, со посебен акцент на текстилниот отпад и законските институционални бариери што треба да се надминат за поодржливо користење на ресурсите и заштита на животната средина беше главната тема на денешната дебата што се одржа во Стопанската комора наречена „Рециклирање на отпад-искуства, бариери, можности и предизвици за македонските компании”. Дебатата е дел од проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива” и е организирана во соработка помеѓу стопанските комори и холандската Амбасада.

Проектот е во вредност од 1,9 милиони американски долари и има за цел да ги адресира темите од областа на бизнис регулатива.

– Првиот настан посветен на справување со текстилниот отпад – ТексРек се одржа во 2017 година, и драго ми е што во меѓувреме постигнавме напредок во третирањето на текстилните остатоци како ресурс наместо како отпад. Холандскиот „полдер” модел што подразбира вклучување на сите чинители и дискутирање за одредено прашање додека не се најде взаемно прифатливо решение во овој случај се покажа како успешен. Останува уште многу работа, а ние сме подготвени да го ставиме на располагање холандското искуство и знаење на оваа област, истакна амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Вилијам Ваутер Пломп.

Амбасадорот пренесе две пораки, првата е дека сите ние треба да се заложиме да се трудиме многу за да го рециклираме отпадот, особено текстилниот отпад, а втората работа што ја истакна е дека сите заинтересирани страни како и владата заедно со економските претпријатија треба да се потрудат да го рециклираат отпадот затоа што тоа е многу важен ресурс што може понатаму да се искористи.

– Целта е да се зголеми уделот на рециклирање на отпадот, а со тоа да се заштеди во потрошувачка на нови суровини, енергија, вода, да се намали притисок врз животна средина, да се отворат нови работни места и да се подобрат позициите на компаниите и зголеми конкурентноста на пазарот. За нејзино остварување потребни се институционални и законски измени, јакнење на капацитетите, иновативни решенија и соработка со научната фела, посочи Славјанка Пејчиновска-Андонова, експерт за животна средина.

Нови вести

Боларис: Комитетот за учебниците е на добар пат

Valentina

Отворено реконструираното фудбалско игралиште во СОС Детско село

Daniela

Стоилковски: Од 600- те најавени милиони евра за патишта нема ни Ш!

Valentina