Македонија

Дебата за притворот и други мерки за обезбедување присуство на обвинетиот

 Во организација на Подружницата на Здружението на судии при Основниот суд Скопје 1,  во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, а со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска беше одржана првата дебатна средба за судиите од Кривичниот суд на тема „Притворот и други мерки за обезбедување присуство на обвинетиот”.

На дебатата, како што се наведува во соопштението од Кривичниот суд, биле истаканати предизвиците и проблемите со кои се соочуваат судиите од одделите на претходна постапка, судечките судии, судиите за малолетници и судиите во Кривичните совети при практична примена и одлучување по предлозите за определување мерка притвор и други мерки за обезбедување, ценење на законитоста при лишување од слобода на осомничените лица, оцена на основаното сомневање и основите за определување на притворот, роковите, почитување на принципот на еднаковост на оружјето, образложувањето на одлуките, јавноста во постапката и можноста за јавно објавување на решенијата од претходна постапка, како и други мерки за обезбедување присуство поврзани со определување гаранција,  а сето тоа во контекст на почитување на слободата и безбедноста на лицата лишени од слобода согласно член 5 од Европската конвенција за човекови права.

-Поранешната судија при Европскиот суд за човекови права во Стразбург, Мирјана Лазарова –Трајковска, како панелист, ги елаборираше предметите водени во Судот во Стразбург против нашата држава, кои се во врска со долготрајноста на притворот, посочувајќи дека членот 5 од ЕКЧП упатува на правото на слобода на секое лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело, законитоста при определување и продолжување на мерката притвор кое може да биде само кога тоа е неопходно како и препораката да се посегне по другите алтернативни мерки за обезбедување присуство на осомничените лица, се наведува во соопштението.

Судиите од Кривичниот суд на дебатата ги образложиле своите аргументи за прифаќање или не прифаќање на предложената мерка притвор и другите мерки за обзебедување, како и проблемите  и законските ограничувања со кои се соочуваат при постапување по овие предлози.

Во соопштението е наведено дека заклучоците од денешната дебата, заедно со статистичките податоци од работењето на Кривичниот суд во однос на мерката притвор и другите мерки за обезедување, ќе бидат објавени на веб страницата на Судот, а на следната средба ќе бидат поканети и претставници на други надлежни институции и медиуми, сé со цел да се даде правец и напатствија за подобрување на состојбата, транспарентноста и угледот на судството.

Нови вести

Се бара модел за одржливост на граѓанските организации

Daniela

Доделени десет стипендии за талентирани средношколци и студенти

Daniela

Камчев и Оливера Трајковска ќе сведочат за „Тортура“

Igor