June 24, 2021 12:47
Македонија

„Двојник“: Двајца шкаљарци со македонски пасоши убиени во Атина, маж купил „женски“ пасош,

Двајца припадници на црногорскиот шкаљарски клан, кои биле дел од групата од 214 странци кои добиле фалсификувани македонски пасоши во аферата „Двојник“ биле убиени во Атина од припадниците на ривалскиот кавачки клан,  покажала истрагата на ОЈО. Најголемата контроверза во истрагата за „Двојник“ е што во еден докажан случај, во управните служби бил издаден пасош на маж, иако податоците покажуваат дека зад тоа име стои жена од Албанија со македонско државјанство, пренесува Телма.

Во вадењето на пасошот се вклучени тројцата првообвинети кои веќе признаа вина. Жената се вика Ѓорѓие Коруни и најверојатно на криминалците од пасошко им личело дека станува збор за машки идентитет. Поради тоа второобвинетиот Фарук Буќи без никаква пријава на 13-ти април 2018-та, сликал маж, својот клиент, контролорката Оливера Софрониевска го одобрила 4 дена подоцна насабајле, а машкиот пасош со женски идентитет го подигнал првообвинетиот Дениз Барути кој тогаш воопшто не бил на соодветното ртаботно место туку бил распореден како курир.

Интересно е што тројцата долгогодишни вработени во управните служби си тргнале по логиката дека 10-тата цифра во секој матичен број го определува полот, нулата е за мажи, а 5-ката за жени. Станувало збор за машки матичен број што значи дека грешката е напрвена уште кога на државјанката Ѓорѓие Коруни и е издаван матичниот број е направена грешка што пак во превод значи дека тој службеник во матично не ја видел туку работел по логика и по нејзиното име.

Втор контроверзен случај, според обвинението за Двојник, е поврзан со ликвидација на двајца припадници на таканречениот шкаљарски клан во Атина. Во јануари 2020-тата во Грција се убиени Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ со потекло од Црна Гора. Двајцата биле обвинети за повеќе убиства, трговија со луѓе и дрога.

Но си купиле македонски пасоши, едниот во декември 2017-та, вториот летото 2018-та. Со украден идентитет поминувале граница, а биле убиени заедно во Атина во ресторан пред своите жени и деца. Пасошите им ги правеле обвинетите Барути и Софрониевска.

Идентитетот им е докажан преку отпечатоци на прсти од црногорски документи и истраги кои биле исти со отпечатоците во македонските пасоши со идентитет на македонските државјани Горан Тасевски и Емил Филипов.

Токму овие што ги издаваа пасошите на вакви криминалци си признаа и вина и се осудени на помалку од две и пол години затвор. Уште тројца службеници на пасошкото не признаа вина и денеска имаа рочиште, но беше зад затворени врати бидејќи се изведуваа докази кои се класифицирани и доверливи информации, пренесе Телма.

Поврзани вести

Пет нови случаи на Ковид-19, еден починат и осум оздравени

Igor

Рама: Се надевам нема да побараат да се викате „Западна Бугарија“

Igor

Ахмети: Прашање на време е променaта на химната, со Заев преговараме и за грбот и знамето

Igor

AnimeDao haikyuu season 3 animedao: High School DxD Episode 12

AnimeFreak fire force animefreak: The Rising of the Shield Hero Season 2 (https://animefreak.ws/m/RlwE) Episode 1-Preview