July 21, 2019 02:35
Македонија

Движење Беса: Реконструкцијата е рециклирање неспособен кадар

Младите од Движење Беса денеска пред зградата на Владата оставија дршка од метла зашто сметаат дека реконструкцијата во владиниот состав е козметичка и рециклирање на неспособниот кадар.

– Преку најавувањето на фамозната „метла” сите мислевме дека навистина ќе почнат промени и реформи. Но, за жал, после оваа козметичка реконструкција на владата, се прави рециклирање на неспособните кадри, наградувајќи ги со министерски позиции токму тие политичари што потфрлија во работата во нивните министерства, со што дефинитивно се потврдува дека оваа влада треба што побрзо да падне, изјави Лиридон Хусеини, претседател на младите на Движење Беса.

Додаде дека Владата води погрешни политики со што секојдневно ја гасне надежта на граѓаните. Дршката од метлата ја оставаат, рече Хусеини, затоа што премиерот не успеал да ја употреби „метлата” што самиот ја најавил и порачаа да им ја даде на министрите на кои, како што рече, „не им се слуша гласот и не знаат зошто се дел од вашиот кабинет”.

Нови вести

Катица го изгубила вториот мобилен во Белград

Igor

Од 30 минути до еден час се чека на ГП Богородица

Daniela

Героски со порака до Фрики и Кики: Еве што треба да сторите во следните 48 часа!

Daniela