April 11, 2021 11:58
Балкан

Две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19 во Атина

Поради зголемениот број новозаразени и хоспитализирани и поради големиот притисок врз здравствениот систем во областа Атика, поширокиот регион на Атина, две приватни клиники се вклучуваат во борбата со Ковид-19. Атинските приватни болници, како што утрово соопшти министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, целосно ги отстапуваат нивните клиники, во рамките на владиниот план за вонредни потреби.

Од четврток двете клиники, комплетно, со целокупниот персонал и доброволно ќе му бидат на располагање на државниот здравствен систем и ќе примаат пациенти со Ковид-19.

-Министерството за здравство направи, прави и ќе продолжи да прави што се што е неопходно за никој наш сограѓанин да не остане без медицинска нега, истакна Кикиљас соопштувајќи го вклучувањето на приватниот сектор во битката со коронавирусот.

Капацитетите на одделите за интензивна нега во атинските државни болници се над 90 отсто исполнети.

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 8 at GoGoAnime watch anime

Hortensia SAGA Episode 9 at ANIMEFLIX animeflix boku no hero

GoGoAnime