Свет

Две години од пожарот во Нотр Дам – се очекува катедралата повторно да биде отворена во 2024

Катедралата Нотр Дам во Париз, уништена во пожар пред две години, повторно ќе биде отворена во 2024 година, вети во средата француската министерка за култура Розелин Башело, најавувајќи дека јавната акција, започната за нејзино обновување, овозможила да се соберат доволно средства.

„Собрани се 833 милиони евра досега и собраната сума ни овозможува смирено да размислиме за реконструкција“, изјави министерката во Сенатот.

„Можам да ви кажам дека во 2024 година катедралата Нотр Дам повторно ќе се отвори“, додаде таа.

Министерката денеска треба да го посети градилиштето заедно со претседателот Емануел Макрон, на втората годишнина од пожарот што делумно ја уништи Богородичната црква, која се смета за ремек-дело на готската уметност.

Вечерта на 15 април 2019 година избувна пожар во катедралата Нотр Дам во Париз, при што се урна кулата и голем дел од покривот беше уништен, но пожарникарите сепак успеаја да ја зачуваат грандиозната средновековна зграда.

Причината за пожарот сè уште не е утврдена, иако истражителите ја отфрлаат идејата дека тој бил предизвикан намерно. Тие се фокусирани на краток спој или дури и на отфрлен отпушок како можни причини.

Работите за реновирање допрва треба да започнат бидејќи сега се работи на обезбедување на зградата. Ова треба да заврши до лето, па вистинските реновирања да започнат на почетокот на следната година.

Целта е да се одржи првата целосна богослужба во возобновената катедрала на 15 април 2024 година, и покрај одложувањата заради пандемијата.

AnimeDao animedao demon slayer: Watch Attack on Titan (Dub) Episode 18

WCOStream wcostream we bare bears: Death Note (Dub) (https://wcostream.cc/m/gMaR) Episode 37