February 27, 2021 14:09
Хроника

Две години агонија на семејството Аслан, две години ни трага ниту глас од синот Арбен

Две години трае агонијата на семејството Аслан, две години во исчекување да дознаат дали нивниот син Арбен е жив или мртов. Последен пат го виделе на 23 јануари вечерта, кога излегол од дома. Од тогаш ниту трага ниту глас. Само празни ветувања дека истрагата ќе тргне од место. Таткото на Арбен, Бекир, на првата годишнина од исчезнувањето организираше прес конференција пред Собранието на РСМ, на која јавно побара од институциите да се ангажираат во потрагата по вистината што се случило со неговиот син.

Тој денеска за 24 Инфо изјави дека поради пандемијата и забраната за собирање се откажал од намерата утре, на двегодишнината од исчезнувањето, да организира прес конференција пред МВР. Бидејќи за една година ништо не е сменето, Бекир повторно ги повикува надлежните на поголем ангажман во истрагата.

-Од последната прес конференција пред една година до денеска ништо не е сменето. Немаме никакви информации од полицијата. Ни се стегаат срцата на секоја вест за пронајден труп, веднаш помислуваме на најлошото. За две години се сретнавме и со премиерот Зоран Заев, со министерот Оливер Спасовски пет пати и покрај добиените ветувања, досега ништо. Ни ветија дека ќе се организира група составена од инспектори од повеќе сектори, но ништо. Истрагата и понатаму ја води Одделот за потраги. Ние ги изнесовме сите факти со кои располагавме, телефонски броеви, снимки од движењето на возилото во кое се претпосавува дека бил Арбен, но не сме добиле никакво известување или трага која би се поврзала со евентуалното пронаоѓање на нашиот син, вели Бекир.

Тој останува на ставот дека полицијата цело време следи погрешна трага за наводен долг, кој Аслан го имал на Косово, а кој Бекир не може да го потврди, наместо да се насочи во друг правец.

-Досега случајот требаше да го преземат инспектори за насилен криминал, оти нема индиции дека Арбен намерно би исчезнал или би си го одзeл животот. Син ми не бил малоумен или душевно болен за да трагаат по него. Екипата од потраги се занимаваше цело време со наводниот долг, но е можеа ништо да откријат. Ако имало долг кон некој тој би сакал да си го наплати долгот. Ние како семејство сме имале проблеми, но одамна беше тоа. После тоа имаше затишје и не можам да насочам кон никој во овој случај, вели Бекир.

Тој последен пат се видел со синот во 21.03 минути на 23 јануари 2019 година во неговиот стан, бидејќи живеат во иста зграда. Аслан излегол од дома во 22.40 минути и од тој момент ни трага ни глас. По два дена тргна потрагата и од тоа излезе само една видео снимка и ништо друго.

 

Поврзани вести

Михаилоски: Со унапредување на економскиот стандард на младите ќе успееме да ги задржиме овде да градат иднина и кариера

Valentina

Мицкоски позитивен на Kовид 19

Filip

(Фото) Повредени седум полицајци во протестот за „Монструм”, приведени осуммина

Filip

Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 12 (https://funimationfree.com/m/6d6l/ep-12) at website https://funimationfree.com. See more funimation dubbed anime

Your Lie in April (https://animefreak.ws/m/675) Episode 22 at AnimeFreak animefreak dragon ball