September 18, 2021 01:20
Свет

Двете Кореи преговараат за самит и повторно отворање канцеларија за врски

Северна и Јужна Кореја разговараат за повторно отворање на заедничката канцеларија за врски, која Пјонгјанг ја укина минатата година, и одржување на самит во рамки на напорите за обнова на односите, соопштија тројца извори од јужнокорејската Влада запознати со ова прашање.

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун бараат начини за подобрување на тензичните односи со размена на повеќе писма од април, велат анонимните извори.

Дискусиите сигнализираат подобрување на односите кои се влошија во изминатата година откако средбите на лидерите во 2018 година ветија мир и помирување.

Меѓукорејските разговори, исто така, би можеле да помогнат во придвижување на застојот во преговорите меѓу Пјонгјанг и Вашингтон насочени кон отстранување на нуклеарните и ракетните програми на Северна Кореја во замена за олеснување на санкциите.

Тоа прашање е клучно за Мун, кој доживува пад на поддршката во последната година од неговиот мандат. Мун помогна во подобрување на односите со Северна Кореја и воспоставување историски средби меѓу Ким и тогашниот американски претседател Доналд Трамп во 2018 и 2019 година.

Двете Кореи, кои се уште се технички во војна откако нивниот конфликт 1950-53 година заврши со прекин на огнот, вчера повторно ги поврзаа жешките телефонски линии кои Северна Кореја ги прекина во јуни минатата година.

Watch Gregory Horror Show: The Bloody Karte (Dub) Episode 12

Animepahe: Kakegurui: Compulsive Gambler anime episode 12 online free at https://animepahe.cc anime sites

AnimeBee: One Piece Film: Gold anime episode Full online free at https://animebee.to anime stream

Mini Moni the TV (https://animefreak.ws/m/39mm) Episode 15

About: https://about.me/animefreakws

Goodreads: https://www.goodreads.com/user/show/137088216-anime-freak