October 22, 2021 07:51
Македонија

Двегодишно дете со повеќе болести починало од Ковид

Универзитетската клиника за детска хирургија до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај за двегодишно дете со долга историја на болести, кое од страна на згрижувачко семејство во тешка состојба било донесено на Клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало, соопшти Министерството за здравство.

Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања. Пред една година му биле направени повеќе хирушки интервенции, имало тумор на мозок, хидроцефулус и вродена непроодност на цревата. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето.

Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ изгладнето и дехидрирано било донесено на Клиниката за детска хирургија. Од згрижувачкото семејство на лекарите и медицинскиот персонал не им биле дадени никакви информации за здравствената состојба на детето. Немало температура но било малаксано, дехидрирано и слабо реагирало на дразби. Поради критичната состојба, лекарите веднаш пристапиле кон интензивно лекување. Лабораториските анализи покажале анемија и влошени параметри како последица на болестите кои ги имало. И покрај сета дадена терапија, состојбата на детето се влошувала. Поради ковид протоколите, на малиот пациент му бил направен ковид тест и истиот бил позитивен, информираат од Министерството.

Посочуваат дека дека починатото двегодишно дете ќе биде заведено во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

Поврзани вести

Братучед на Ѓокиќ осомничен за тројното убиство, кај него биле пронајдени 43.000 евра

Igor

Починати 11 лица, нови 490 случаи на Ковид-19,

Igor

Уапсен скопјанец- без дозвола и со неисправен автомобил сакал да пренесе 50 кг марихуана во Грција

Igor

AnimeHeaven: My Next Life as a Villainess: All Routes Lead to Doom! X (Dub) anime episode 3 online free at https://animeheaven.pro anime in heaven

Zoids Fuzors (Dub) Episode 26

Nell the Wandering Girl Episode 24

Animepahe: Ushio and Tora: Comically Deformed Theater anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime online

Issuu: https://issuu.com/animeflixnl

Reverbnation: https://www.reverbnation.com/kissanimemx