June 26, 2022 01:42
Свет

Два случаи мајмунски сипаници во Белгија, здравствените власти загрижени

Белгиските здравствени власти пријавија два потврдени случаи на мајмунски сипаници во земјата. Докторот Ив Ван Латем објасни дека оваа ретка болест многу забрзано се шири периодов и дека тоа е изненадување. Мајмунската вариола постои веќе десет години.

Болеста не се смета за опасна, освен за ранливите групи како повозрасни лица и лица со слаб имунитет.

Смртноста е меѓу 1 и 10 отсто кај овие луѓе. Опасноста зависи и од сојот.

Можно е Белгија да има повеќе од два случаи, рече докторот.

Според Ван Латем хомосексуалната заедница е попогодена од другите, но не е јасно како се одвива заразата.

-Никогаш не сме имале толку случаи одеднаш и не разбираме, ова никогаш не се случило, рече епидемиологот.

Според лекарските познавање за инфекција е потребен директен контакт со заразено лице, за разлика од Ковид-19. 

go88 b52

Sunwin - Top 1 game bài đổi thưởng uy tín - Link vào SUN WIN tải game sunwin apk sunwin ăn