Балкан

Два милиони евра од ЕУ за образованието во Западен Балкан

Европската комисија во рамки на пилот-шемата за мобилност на стручното образование и обука одвои два милиони евра за земјите во процесот на проширување.

Целта на проектот „Интернационализација на системот на стручно образование и образованието во Западен Балкан“ е да се инвестира во млади луѓе, образование и вештини, наведуваат од Брисел.

Проектот ќе спроведе активности на две нивоа: студентска мобилност и развој на компетенции на стручен кадар.

Активностите ќе вклучуваат здруженија, стручни училишта и мали и средни претпријатија од шест регионални партнери (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија), како и партнери од осум земји членки на ЕУ (Белгија, Холандија, Франција, Малта, Шпанија, Словенија и Полска).

Од Европската комисија наведуваат дека првите активности во рамките на овој проект ги очекуваат уште во јануари 2020 година.