September 24, 2021 06:52
Балкан

Двајца Црногорци уапсени за грабежот на накит вреден три милиони евра од златарницата во Париз

Двајца Црногорци на возраст од 44 и 54 години се уапсени под сомнение дека украле накит вреден меѓу два и три милиони евра од златарница во Париз.

Според француските медиуми, тие биле уапсени ден по грабежот на еден од најстарите златари во Франција, „Шоме“, во осмиот париски арондисман.

Грабежот се случил во вторникот околу 17 часот, а маж, кој немал качулка, влегол во луксузната продавница на плоштадот Вандом и извадил автоматски пиштол, пишува подгорички „Вијести“.

Потоа го зел накитот и побегнал со електричен тротинет. Во грабежот нема повредени. Медиумите пренесуваат дека, како што може да се види на снимката од камерата, еден од уапсените прво побарал од вработените да му го покажат накитот што наводно сакал да го купи. Продавачите го ставиле накитот на послужавник пред него, а тој потоа извадил пиштол и зел се.

Медиумите пренесуваат дека разбојникот и соучесникот изнајмиле соба во третиот арондисман во Париз, како и дека полицијата пронашла докази дека се качиле со автобус за Белград.
Тие беа уапсени денеска околу 13 часот, во автобусот на автопатот недалеку од границата со Германија, од припадници на специјалните полициски единици во Мец.

Според француските медиуми, кај уапсените била пронајдена голема количина украден накит.

Медиумите, повикувајќи се на информациите од полицијата, објавија дека уапсените лица не и биле познати на полицијата претходно.

AnimeKisa: DragonBlade: The Legend of Lang (Dub) anime episode Full online free at https://animekisa.in dubbed anime

AnimeHeaven - Watch HD Anime Online Free | AnimeHeaven.pro

AniWatch: Pokemon Diamond & Pearl anime episode 191 online free at https://aniwatch.pro dubbed anime

Watch Suppose a Kid from the Last Dungeon Boonies moved to a starter town? (Dub) Episode 12

Giveffect: https://www.giveffect.com/users/1026728-animefreak

Hubpages: https://hubpages.com/@gogoanimebe