October 26, 2020 16:09
Свет

Двајца турски војници загинаа во терористички напад во Северен Ирак

Двајца турски војници загинаа, а друг е ранет откако курдските милитанти од ПКК истрелале ракети врз воена база во Северен Ирак што е дел од пограничната антитерористичка операција во Северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана на Турција, пренесува „Араб њуз“.

„Двајца војници загинаа, уште еден е повреден во напад на терористите во операцијата „Канџа-тигар“ во Северен Ирак“, соопшти Министерството.

Турција редовно ги напаѓа милитантите на Курдската работничка партија (ПКК), како во нејзиниот главно курдски југоисток, така и во Северен Ирак, каде што групата е сместена. Во јуни, Анкара започна нова копнена офанзива, наречена Операција „Канџа-тигар“, со која турските трупи напредуваа подлабоко во Ирак.

Министерството за внатрешни соопшти дека 71 милитант на ПКК биле убиени од 13 јули во рамките на серијата операции во Турција, наречени „Молскавичнии операции“ и додаде дека 38 соработници биле заробени.

Турската операција „Канџа-тигар“ започна во средината на јуни со цел да се осигура безбедноста на турскиот народ и границите со неутрализирање на заканата која доаѓа од ПКК и од другите терористички групи во регионот.

Во својата повеќе 30 години долга кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.