June 19, 2019 01:05
Хроника

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Ваксинце

На 11.06.2019 година во 14.20 часот во с.Ваксинце,  општина Липково,  на место викано „Хоџа чешма“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од Н.С.(76) од Германија и патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Х.(27) од с.Ваксинце. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.С. и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а на Ј.Х. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобил и сопатникот во возилото „Мерцедес“, К.К.(66) од с.Ваксинце. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

Нови вести

Teтовка удомила сиромашна малолетничка па ја продавала за секс

Filip

Турчин се заканувал на сопругата-гостиварка и објавил компромитирачка фотогафија на нејзиниот ФБ профил

Igor

Откриени 72 мигранти вчера на две локации, криумчарите во бегство

Igor