July 17, 2019 12:56
Хроника

Двајца скопјани физички нападнале полициски службеник

МВР информира дека вчера околу 21 часот на улицата Димитрие Чуповски во близина на Порта Македонија, едно непознато лице физички нападнало полициски службеник.

Лицето веднаш по нападот било приведено, но пред да биде внесено во службено возило дошло друго лице, кое исто така физички го нападнало полицискиот службеник, посочуваат од полицијата.

Двете лица по нападот биле приведени во полициската станица во Центар, каде било утврдено дека станува збор за 35-годишните Д.М. и Ж.М. од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Нови вести

ОЈО: Обвинение за дилер на дрога

Daniela

Скопјанец паднал од мотор и тешко се повредил

Daniela

„Тигрите“ спасиле девојче кое паднало во провалија

Daniela