January 26, 2021 14:04
Хроника

Двајца скопјани фатени „живи“ како крадат во автомобил, ограбиле 18 возила за три месеци

На 19.11.2020 околу  03.10 часот на подрачјето на Карпош во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош биле лишени од слобода П.К.(48) и С.А.(40), двајцата од Скопје, бидејќи биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело „тешка кражба “ во патничко возило, сопственост на Г.И.(49) од Скопје.

Двајцата крадци биле приведени во Полициската станица Карпош и при извршен разговор со нив појасниле дека во текот на септември и октомври имале извршено 18 кривични дела „тешка кражба“ во патнички возила на територијата на Скопје.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Watch Gleipnir (Dub) Episode 1 at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime boruto

Watch One Piece Episode 940 at website https://animefreak.ws attack on titan animefreak