August 13, 2020 21:50
Хроника

Двајца роднини на Насер Зибери, кои наводно полнеле кутии во Ласкарци уапсени за демолирање на автомобил

Двајца блиски роднини на кандидатот за премиер Албанец, Насер Зибери се уапсени поради демолирање на џипот на бизнисмен од Шишево, вчера пред Советот на град Скопје, дознава 24 Инфо.

Како што полицијата утрово информираше во билтенот, инцидентот се случил околу 13 часот пред Совет на град Скопје. Тогаш полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(39) од Сарај, Е.А.(25) од Глумово, како и Ајбан (36) и Бујар (33) Зибери, двајцата од Ласкарци. Четворицата со разни предмети оштетиле паркирано патничко  возило „ренџ ровер“, сопственост на фирма на Ј.С.(53) од Шишево.

По инцидентот  четворицата се обиделе да побегнат со два автомобили „ауди“ и „голф“, но биле приведени. Полицијата кај С.М. пронашла пиштол „Токаѓу 58“, а кај Ајбан Зибери бил пронајден пиштол „Екол тигар“, кои ги поседувале без дозвола.

Истовремено, порталот „10плус.инфо“ пишува дека двајцата роднини на Зибери ги полнеле гласачките кутии во Ласкарци и Глумово на денот на изборите.

Споредд порталот, не биле уапсени четворица, туку деветмина, од кои дел биле ослободени по интервенција на градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Поврзани вести

Двајца починати, 141 новозаболени со ковид 19

Valentina

Заев го доби мандатот, вети европска, демократска и одговорна влада ослободена од етнички предрасуди

Igor

Браќа педофили од Битола терале малолетнички да снимаат порнографски видеа

Igor