February 2, 2023 21:39
Хроника

Двајца полицајци повредени во сообраќајка во центар

На 30.11.2022 во СВР Скопје било пријавено дека во 15.45 часот на бул.„Крсте Мисирков” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(36) од Скопје и патничко возило „шкода”, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од возилото „шкода”, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.