November 11, 2019 00:25
Хроника

Двајца повредени во судир на камион и два автомобили

Жена била тешко повредена во судир на камион и два автомобила, вчера кај Битола, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 16.30 часот на Кукуречанска крстосница – Битола. Тогаш се судриле камион „Ман“ со полуприколка „Шмитц-Гота“, управуван од М.Љ.(50) од Богданци, автомобил „рено меган“ што го управувал Д.Ш.(63) од село Вирово, демирхисарскокако и автомобил „фолксваген голф“ управуван од Ц.Е.(55) од Неготино.

Во незгодата тешко е повредена сопатничката во „голфот“, М.Е.(35) од Неготино, која била пренесена во Клиничката болница во Битола, а лесно повреден е возачот на „реното“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Нови вести

Засилени контролите за палење на стрништа, изречени 34 казни

Igor

Нападната продавачка во ГТЦ, велешанец натепан во кафуле во Аеродром

Igor

Се истражуваат причините за пожарот во комуналното претпријатие во Кочани 

Igor