August 15, 2022 17:25
Балкан

Двајца мажи во Бугарија се заразени со мајмунски сипаници, прв случај во Хрватска

Мајмунските сипаници се регистрирани и кај источниот сосед. Потврдени се два случаи на мајмунски сипаници во Бугарија.

Пациентите се мажи на возраст од 41 и 44 години. Двајцата се хоспитализирани и се во добра општа состојба. И двете лица пријавиле патување во странство во претходните две недели – во Шпанија и Велика Британија.

Потврден е првиот случај на лице заразено со мајмунски сипаници и во Хрватска.
Имено, станува збор за личност која престојувала во Италија и Шпанија. Пациентот има поблага форма на болеста, не е хоспитализиран, но е во домашна изолација.

Минатиот месец, водечки советник на СЗО рече дека епидемијата на мајмунски сипаници надвор од Африка веројатно се проширила преку сексуалната активност помеѓу мажи за време на забави во Шпанија и во Белгија. Сипаниците се пренесуваат преку близок кожен или сексуален контакт.

Претходно, и во Србија беа откриени мајмунските сипаници. Мајмунската сипаница не се шири лесно меѓу луѓето, соопшти Здравствената агенција на ЕУ кон крајот на мај.

Светската здравствена организација(СЗО) предупреди дека и покрај ниската инфективност, почетокот на летната сезона и големите собири на луѓе за време на празници, забави и фестивали, ширењето може да се зголеми.

Мајмунските сипаници со децении ги мачат луѓето во централна и западна Африка, убивајќи до 10 отсто од луѓето.

Досега нема пријавено смртни случаи во епидемијата надвор од Африка.

tải sunwin apk sunwin apk game bài sunwin

sunwin

sunwin web sunwin tải sunwin apk

sunwin

sunwin tài xỉu game sunwin game bài sunwin