November 22, 2019 04:40
Хроника

Двајца затвореници го подметнале пожарот во „Идризово”, казнети со самица

Двајца затвореници во затвореното одделение во затворот „Идризово” изутринара подметнале пожар кој веднаш бил изгаснат од затворската полиција.

Како што информираше за МИА директорот на затворот Боби Мојсовски, веднаш по пријавата на полицајците била повикана противпожарна единица, но не интервенирала бидејќи веќе огнот бил локализиран од обезбедувањето на затворот.

-Затворениците беа сослушани од управата и од МВР и во моментов се издвоени во самица, рече Мојсовски.

Според него, нема причинета материјална штета.

Нови вести

Старец паднал во бесознание во зачадена просторија

Igor

Војник се обидел да силува вработена во АРМ во касарната во Куманово

Igor

Сопруг на пациентка се закнувал на медицинска сестра во штипската Клиничка болница

Igor