December 9, 2022 14:43
Свет

Двајца загинати во тропската бура во Јапонија, 130.000 домови без струја

Во тропската бура што донесе силен дожд во Јапонија загинаа две лица и повредени се повеќе од 100, го парализираше сообраќајот и остави илјадници домови без струја, соопштија денеска локалните власти.

Јапонската метеоролошка агенција објави дека бурата го напуштила копното на Јапонија и се упатила кон Тихиот Океан во близина на северниот брег на Јапонија.

Нови штети се пријавени во јужниот дел на Јапонија каде тајфунот Нанмадол удри во текот на викендот пред да ослабне додека се движеше кон север.

На островот Танегашима, јужно од островот Кјушу, оштетен е ѕидот на вселенскиот центар на Агенцијата за воздухопловство и истражување, соопшти Министерството за економија и индустрија. Се проценува степенот на штетата на објектот каде што се склопуваат ракети.

Вчера беа пријавени двајца загинати во префектурата Мијазаки на главниот јужен остров Кјушу, соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи.

Еден маж бил пронајден во потопен автомобил на фарма, а друг под одрон.

Повеќе од 130.000 домови, главно во областа на островот Кјушу, и денеска се без струја, соопшти Министерството за економија и индустрија.

Сообраќајот денеска главно се нормализира и луѓето се вратија на работа по продолжениот викенд. Брзите возови и најголемиот дел од копнениот сообраќај продолжија да сообраќаат, но десетици летови беа приземјени во североисточна Јапонија.