November 25, 2020 06:58
Свет

Двајца загинати во протестите против привремениот претседател на Перу 

Две лица беа убиени во протестите на кои Перуанците бараат оставка од привремениот перуански претседател Мануел Мерино.

Повеќе од 5.000 демонстранти беа на улиците на Лима, повикувајќи го Мерино да поднесе  оставка со слоганот „Мерино не е мој претседател”.

Две млади момчиња, на возраст од 24 и 25 години, им подлегнаа на прострелните рани за време на демонстрациите.

Минатата недела, перуанскиот Парламент го смени претседателот на државата, Мартин Вискара, поради  обвинувања за корупција. Сепак, демонстрантите ги обвинуваат членовите на Конгресот за злоупотреба на Уставот и одбиваат да го признаат новиот претседател, Мануел Мерино, досегашен претседател на Парламентот.

Поранешниот претседател Вискара има поддршка од народот заради неговата војна против корупцијата, поради што честопати беше во конфликт со парламентарците.

Мерино негира протести против него, велејќи на едно локално радио дека младите протестираат против невработеноста и неможноста да се стави крај на студиите поради пандемијата.