August 7, 2020 17:42
Хроника

Двајца жители на Студеничани нападнале полицајци

Полициски службеници од СВР Скопје на булеварот „Крсте Мисирков“ и булеварот „Никола Карев“ вчера во 15.50 часот ги привеле Р.А.(38) и Н.А.(35) од селото Студеничани, Скопско, поради тоа што се однесувале агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.