June 25, 2022 21:48
Uncategorized

Двајца битолчани осомничени за напад врз полицајци на кошаркарски натпревар

 Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица осомничени за кривично дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, а за едното од нив е предложен притвор.

-Двајцата битолчани, на 22 мај, на паркингот пред Спортската сала „Боро Чурлевски”, физички нападнале тројца полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност – обезбедување спортски натпревар. Осомничените се затрчале кон навивачите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Скопје кои влегувале во салата со полициска придружба и не ја послушале усната наредба од полициските службеници да застанат, информира државното Јавно обвинителство.

Првоосомничениот со тупаници ги удирал оштетените полициски службеници, нанесувајќи им телесни повреди. Вториот осомничен, пак, ги влечел при што му ја искинал службената униформа на еден од полицајците.

go88 mod apk Tài Xỉu Go88 - Tải Game GO88 Đổi Thưởng APK, iOS, AnDroid GO88 - Thiên Đường Giải Trí Online, Game Bài Online

https://tai.sunwin.gg/