October 6, 2022 13:42
Хроника

Двајца Албанци се степале поради место за седење во автобусот на ЈСП

Нашите извори велат дека во вечерашниот инцидент којшто се случи во Кисела Вода во Скопје, еден од учесниците во овој немил настан бил прободен со нож, а причината била место за седење.

Во еден од автобусите на ЈСП дошло до физичка пресметка меѓу двајца патници од албанска националност поради недоразбирање за место за седење.

Полициските екипи се на терен и работат на расчистување на теренот.

Инцидентот се случи во автобус на ЈСП со број 51, вечерва во Кисела Вода а дел од новинарските екипи беа нападнати.