Хроника

Двајца Албанци го прекршиле полицискиот час во Струга, предложени казни од по 3.000 евра

Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга поднесе Предлог за издавање казнен налог против две лица, државјани на Република Албанија, заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, на возраст од 26 и 20 години, на 29 март околу 19 часот се движеле по улицата „Маркс и Енгелс“ во Струга, при што биле затекнати од овластени полициски службеници. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Јавниот обвинител на Судот му предложи да им изрече парична казна на обвинетите во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 30 евра во денарска. ​