April 11, 2021 11:29
Македонија

Двајцата битолски гинеколози кои дозволија лекарка без лиценца да направи царски рез, казнети со шест месеци пониска плата

Шест месеци намалена плата за 30 проценти ќе добиваат двајцата гинеколози од Клиничката болница во Битола, кои на 1 јануари ги пречекорија овластувањата и ѝ овозможиле на сопругата на едниот од нив без соодветна лиценца за работа да учествува во породување на родилка со царски рез во операциона сала на Одделението за гинекологија и акушерство, објави „Независен“.

-Дисциплинската постапка заврши. Комисијата излезе со предлог казна и директорот донесе решение за изрекување казна за двајцата доктори, и тоа максимална парична казна која ја предвидува Законот за здравствена заштита, а тоа се 30 проценти од платата шест месеци. Истите се вратија на работа денеска, изјави директорката на Клиничка болница во Битола, Билјана Гагачовска.

Покрај ова, МВР поднесе кривични пријави против двајцата гинеколози, Г. Ч. (60) и М. В. (33). Помладиот гинеколог, чија сопруга била во родилната сала, се товари дека сторил две кривични дела: злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа. За другиот доктор, кој е и поранешен заменик министер за здравство и владин национален координатор за здравство, поднесена е пријава за злоупотреба на службената положба, а за лекарката гинеколог А. В (33) од Белград, која не била вработена и немала лекарска лиценца во земјава, кривична пријава за надрилекарство.

How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode Preview at GoGoAnime knights and magic gogoanime

Watch Attack on Titan Season 2 (Dub) Episode 1 at website https://animeheaven.pro watch anime