Свет

„Да го сопреме лудилото“: Бес и неверување по предлогот за модерна обнова на Нотр Дам

Можноста катедралата Нотр Дам да добие нов модерен изглед, предизвика бес ширум Франција и светот, пренесе „РТ“.

„Да го сопреме ова лудло. Мораме да покажеме апсолутна почит“, изјави Жордан Бардел, француски полтичар, а идејата ја критикуваше и Марин Ле Пен.

Остра критика стигна и од страна на голем број корисници на социјалните мрежи, по изјавата на францускиот претседател, Емануел Макрон, кој рече дека елемент од модерната архитектура би можел да биде дел од обновата на катедралата.

Донациите на обновата на Нотр Дам достигнаа над 700 милиони евра.

Премиерот Удуар Филип најави меѓународен архитектонски конкурс за новиот изглед на прочуената катедрала, а веднаш се покрена дебата околу тоа дали изгледот треба да биде реплика на стариот или пак не.

„Реконструкцијата на Нотр Дам мора да ја заштити нејзината универзална вредност, но тоа не значи дека треба да изгледа исто како порано“, рекоа претставниците на УНЕСКО кои се состанаа со францускиот претседател, Емануел Макрон во Елисејската палата.

Претставниците на УНЕСКО изјавија дека се подготвени да помогнат во обновата на Нотр Дам, особено во пружањето на техничка експертиза, се наведува во соопштението од кабинетот на францускиот претседател, пренесе „АП“.

Нови вести

Лидери на ЕУ бараат од Меркел да се кандидира за претседател на Европскиот совет

Daniela

Автобус со руски туристи се преврти во Италија, загина едно лице

Igor

Најмалку 12 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Могадишу

Daniela