Фудбал

Да ги оставиме вистинските фудбалски работници да си ја работат својата работа!

Македонската Фудбалска репрезентација е 67 на ФИФА ранкинг листата. Во период од две години остваруваме резултати кои ја вратија довербата во македонскиот фудбал, се врати духот, желбата за победа, се врати оптимизмот и пркосот да се носиме со големите фудбалски веле сили.

Македонија веќе не е аутсајдер, веќе никој не ја потценува, негува убав фудбал, има тим кој е сплотен како никогаш досега. Детските и младински лиги потврдуваат огромен интерес за фудбалот, паралелно се создава младинска база, која во иднина ќе носи исто така добри резултати.

Имаме женски фудбал, квалитетни прволигашки тимови, спонзори…многу што позитивно поврзано со нашиот фудбал. Федерацијата конечно стана професионална институција, во која работат фудбалски експерти, секој стручњак во својата област…се обновува инфрастуктурата, се донира спорстка опрема, едноставно сега провејува една нова енергија која носи резултати.

А тоа се чувствува не само дома , туку и надвор од земјава. Па така и Првиот човек на европскиот фудбал, Александар Чеферин во официјална средба изјави дека е почестен што имал можност да се сретне со Претседателот на ФФМ Муамед Сејдини. Дека се восхитува на ентузијазмот кој што тој го покажал во разговорите за идните проекти. Потврдувајќи истовремено дека УЕФА ќе остане и понатаму цврст партнер на ФФМ и ќе ги поддржи развојните стратегии на Фудбалската федерација на Македонија.

И кога токму сега сме на правиот пат, кога рабоите се нормализираа во нашиот фудбал, некому тоа му пречи. Му пречи успех и развој на македонскиот фудбал, па повторно се организираат т.н. квази инцијативи за македонскиот фудбал?

Но тука, отворено ги прашуваме, зошто тоа го прават? Зошто им пречи развојот на македонскиот фудбал. Зошто кога конечно федерацијата се професионализираше, кога имаме поддршка од УЕФА и ФИФА, кога се врати довербата, кога играме добар фудбал, да се бара нешто нереално, да се бркаат ветерници.

Дали еднаш, засекогаш ќе ги исчистиме недоличните работи од македонскиот фудбал. Дали барем еднаш медиумите ќе ги игнорираат овие маргиналци, кои поради свои лични финансиски интереси не туркаат повторно во калта.

Македонија е света земја, за граѓаните на оваа земја фудбалот е како религија. Зошто да уништуваме нешто што е добро, зошто да бидеме негативни…

Нови вести

Одлични вести за Ливерпул: Фирмино се врати на тренинзите

24info

Даниел Џејмс е првото засилување на Манчестер Јунајтед

24info

Чави: Гризман може да биде проблем за Барселона

24info