December 5, 2021 12:49
Македонија

Даштевски: Ќе биде продолжено времето на гласање онаму каде што имало прекин

Александар Даштевски, претседателот на Државната изборна комисија, на првата денешна прес-конференција, рече дека времето за гласање ќе се надополни во избирачките места каде што имало прекин на гласањето поради неуспех навреме да се стартува со системот за скенирање на отпечатоците од прст.

– Сабајле имаше повеќе проблеми, бидејќи има некои кои уште не знаат да ракуваат, но ИТ администраторите одат таму и помагаат. Времето според Изборниот законик се надополнува онолку колку што гласањето било во прекин, но не повеќе од три часа, рече Даштевски.

Процентот на избирачки места до 9.30 часот од кој пристигнале до ДИК е 38,07 отсто и затоа не може излезноста да се објави по општини по првите два и пол часа од гласањето. Евиденцијата се води само од единици кои опфаќаат 714.568 граѓани од Избирачкиот список, а таму гласале 23.468 до сега.