August 22, 2019 09:57
Балкан

Дачиќ: Сега е вистински момент за решавање на косовското прашање

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека сега е вистински момент на меѓународно ниво, да се создаде напредок во решавање на косовското прашање, бидејќи како што рече, прашање е како ситуацијата ќе се одвива во САД по следните претседателски избори.

Говорејќи на ТВ Пинк, тој рече дека треба „да се искористи ова време за да се постигне договор за Косово”, бидејќи, како што рече, можно е во Америка да се врати на власт администрацијата „која беше лоша за нас”.

Според него, лидерите на косовските Албанци чекаат таквите промени да се случат.

-За нас и тоа е опција, но мислам дека никогаш нема да можат да станат членка на Интерпол, УНЕСКО, а да не зборуваме за членството во ОН, изјави Дачиќ и изрази уверување дека многу брзо, помалку од половина од бројот на земјите-членки на ОН ќе го признаваат Косово како независна држава.

Коментирајќи ги контродикторните изјави на лидерите на Косово за можното разграничување, Дачиќ оцени дека тоа е „какофонија, разногласие на бучавата која доаѓа од Приштина, со цел да не се донесе било какво решение”.

-Тие не очекуваа дека ќе имаат силен притисок од меѓународната заедница за укинување на таксите. Мислам дека САД поради тоа нема да и наметнат санкции на Приштина, но најавија рестрикции во воено-безбедносната соработка, истакна Дачиќ. 

Нови вести

„Коха Диторе”: Изборите во Косово на 6 октомври

Daniela

По изборите во Косово, Вучиќ очекува притисок од САД врз Приштина

Daniela

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Filip