April 20, 2021 17:38
Балкан

Дачиќ: Партиите да предложат платформа и преставници за меѓупартискиот дијалог за иборните услови

Подготовките за нова фаза на меѓупартиски дијалог во Србија, со посредство на европратениците, започнаа со видео конференција помеѓу претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ и претседателот на Одборот за надворешна политика на Европскиот парламент, Дејвид Мекалистер.

По состанокот, на кој е иницирана втората фаза од меѓупартискиот дијалог, Дачиќ ги повика сите политички партии кои сакаат да учествуваат во дијалогот да се обратат до српскиот Парламент, да предложат претставници и платформи за дијалог, како и да назначат двајца постојани претставници кои ќе учествуваат во дијалогот од почеток до крај.

По видео-средбата со претставниците на Европскиот парламент, Дачиќ на новинарите им изјави дека оваа покана се однесува и на партиите кои не сакаат меѓународно посредување.

Според него, партиите се повикани да дадат предлози за подобрување на изборните услови, тоа се партии кои претставуваат релевантни политички фактори, а повикот се однесува и на власта и на опозицијата.

Како што потврди Дачиќ, на видео конференцијата учествуваа и посредниците на ЕП, Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн, Тања Фајон и Владимир Билчик.

-Ја изразив и одлучноста на властите во Србија дека сакаме меѓупартискиот дијалог да се одвива успешно. Претставниците на ЕП говореа доста конструктивно, и на некој начин, ова беше почетна активност на втората фаза од меѓупартискиот дијалог, изјави Дачиќ, кој додаде дека е договорено продолжување на консултациите.

Спикерот на српското Собрание претходно изјави дека властите се подготвени да ги сослушаат сите предлози за подобрување на изборните услови, но дека никакви изборни услови не можат да го компензираат недостатокот на поддршка, бидејќи „дијалогот нема да избере кој ќе биде на власт”.

AnimeHeaven toradora anime heaven: Watch Dragon Ball (Dub) Episode 61 (https://animeheaven.pro/m/Kxv/ep-61)

AnimeFreak dubbed anime: Watch Dragon Ball Super (Dub) Episode 95 (https://animefreak.ws/m/RkGE/ep-95)