November 28, 2021 06:22
Балкан

Дачиќ: Опозицијата да понуди членови на телото за мониторинг на медиумите за време на изборите

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, денеска ги повика претставниците на опозицијата, без оглед на „колосекот” во која учествуваа во меѓупартискиот дијалог (со посредство или не на ЕП), да предложат претставници во привременото надзорно тело за следење на медиумите, наведувајќи дека истото треба да се формира што е можно поскоро, јави дописникот на МИА од Белград.

По онлајн разговорите со европратениците, кои посредуваа во меѓупартискиот дијалог како олеснувачи, тој кажа дека ги информирал за активностите на државните органи кои се преземени за спроведување на договорените предлози за подобрување на изборните услови.

-Државните органи ќе исполнат се што беше договорено и што побараа европратениците, кажа Дачиќ пред новинарите во српскиот Парламент.

Говорејќи за исполнување на договореното, тој кажа дека предлозите на опозицијата за членови на привремениот надзорен орган за следење на медиумите, заедно со европратениците, ќе ги достави до Министерството за култура.

Тој ја повика Партијата на слободата и правдата (ССП) на Драган Ѓилас и Народната партија (НС) на Вук Јеремиќ да ги дадат своите предлози, и покрај тоа што тие претходно изјавиле дека нема да учествуваат во тоа.

Тој, исто така, кажа дека ќе се промени Законот за избор на пратеници со цел да се прошири Републичката изборна комисија со претставниците на партиите што не учествуваа на изборите.

-Со усвојување на 16 мерки за подобрување на изборните услови, владата направи голем чекор напред, им го исфрливме секое алиби за евентуален бојкот на изборите, изјави Дачиќ.

Website https://kissanime.mx: Watch Goodbye Mr. Despair OAD kissanime Episode 3 kissanime uk

AnimeBee | Watch Anime Online | English Sub & Dub Anime Free

Website https://animeheaven.pro: Watch Anohana: The Flower We Saw That Day Movie animeheaven Episode Full toradora anime heaven

Animepahe: Promare anime episode Full online free at https://animepahe.cc anime

Website https://animekisa.in: Watch Koutetsu Sangokushi animekisa Episode 25 anime